Трилече е неодолив, сладок десерт што се топи во устата и совршен за жешките летни денови. Иако нас ни е познат како отигинален турски рецепт, сепак некговото потекло е од Јужна Америка, поточно од Мексико. Потекнува од зборовите tres leches што значи торта со три млека или леб со три млека. Истражував многу на интернет во потрага по оригиналниот рецепт. Сите рецепти се слични, со минимални разлики во составот на тестото, но сепак сите го имаат истиот вкус.
Ова е рецептот, брз и многу лесен, веднаш ќе посакате да го пробате.
За тестото е потребно:
За прелив е потребно:
- 1L млеко (3.8% ако можете да го пронајдете, обично го има во поголемите маркети)
- 500 ml слатка павлака
- 1 кондензирано млеко (опционално)*
- карамела
Подготовка:
Да се одвојат белките од жолчките. Со миксер се матат белките, со постепено додавање на шеќерот и ванилиниот шеќер кои предходно се заедно измешани. Откако ќе се направи како шлаг, постепено се додаваат жолчките, постојано матејќи со миксерот. Откако ќе бидат добро изматени го додаваме предходно измешаното брашно и прашокот за пециво. Се додава бавно со постојано мешање за да не се направат грутки, бидејќи нив ги мешаме со лажица. Тавата ја премачкуваме со масло и малку брашно. Рерната ја загреваме на 200º C и печеме 20min, а потоа намалуваме на 180º C и печеме уште 20min.* Во меѓувреме го подготвуваме топингот т.е. ги мешаме трите видови млеко во еден сад и малку промешуваме со лажица. Откако ќе се испече го превртуваме тестото врз друг сад, а во тавчето во кое предходно се печело истураме малку од преливот (околу еден прст) и го враќаме тестото назад. Потоа врз него го истураме остатокот од преливот и го ставаме во фрижидер околу 2h. После 2h се вади од фрижидер, се сече на коцки и се премачкува со карамелата. Воже веднаш да се јаде, но јас препорачувам да се остави во фрижидер преку ноќ.
Добар апетит
* Јас лично ја правам со 1L млеко и 1 кондензирано млеко, бидејќи јас не обожавам топени десерти, па тоа ми е сосема доволно, но сепак вие одлучете како повеќе ви се допаѓа
*Печењето зависи од рерната. Кај мене е готово за 20min, затоа најдобро е да се провери со чачкалица, ако не остава траги, тогаш тестото е печено.
Comments
Post a Comment