1. Јагоди
Јагодите, како и многу други бобинки. се богати со влакна и имаат многу ниско ниво на шеќер. Има само 8 грама шеќер во 8 средно големи јагоди. Тие се исто така добар извор на витамин С.
2. Праски
Иако имаат сладок вкус, средно голема праска содржи само 13 грама шеќер.
3. Капини
Многу добар извор на антиоксиданти. Како и јагодите, овие бобинки исто така содржат околу 4-5 грама шеќер, 5,3 грама влакна и 1,39 грама протеини на 100 грама. Интересно е да се спомне дека боровинките содржат дупло количество шеќер за разлика од капините.
4. Лимон и лимета
Многу малку луѓе би избрале да јадат лимон или лимета како ужинка. Со само 2 грама шеќер по овошка и многу високо ново на витамин С, тие се одличен додаток во диетата. Може да исцедите лимон или лимета во газирана вода за да избегнете зашеќерени додатоци во нив или може да се исцеди лимон врз салатата наместо да се користи дресинг.
5. Медена диња
Популарна летна закуска, парче диња содржи околу 11 грама шеќер. Таа исто така содржи натриум, витамин С и железо.
6. Портокали
Средно голем портокал има околу 14 грама шеќер и е одличен извор на витамин С. Сокот од портокал како и другите овошни сокови купени од маркет вообичаено содржат високо ниво на додаден шеќер. Ако сакате да го ограничите внесот на шеќер, многу е подобро да ја изедете овошката свежа, отколку да ја исцедите и да ја конзумирате како сок.
7. Цитрон
Ова овошје со ниско ниво на шеќер е омилена храна за појадок. Половина средно голем цитрон содржи околу 11 грама шеќер. Ако за вас цитронот е премногу остар, може да искапете мала количина на мед или да ставите малку Стевиа врз него.
Comments
Post a Comment