Арониа или aronia melanocarpa е исто така позната како ‘black chokeberry’ и од многу е прогласена за најздравото овошје во светот, нудејќи многу здравствени придобивки за разлика од другата “суперхрана“. Аронијата е високо нутритивно овошје што нуди екстремно високо ниво на здрави елементи во форма на антиоксиданти, витамини, минерали и други нутритиенти.
ПРИДОБИВКИ
Аронијата привлече големо внимание во последниве неколку години поради својата темно виолетова боја и скоро црната надворешна пигментација, која доаѓа од густата содржина на полифеноли и антоцијаниди.
Анти-канцерогени својства: Главната компонента на која и се препишува оваа заслуга се групата на елементи наречени полифеноли, кои што се моќни антиоксиданси, кои го штитат телото од клеточни оштетувања предизвикани од карциногените пронајдени во алкохолот.
Се бори против срцевите заболувања: Високото ниво на феноли кои ги содржи е одговорно за борбара против срцевите заболувања. Иако овие истражувања се сеуште во тек, досегашните резултати се многу ветувачки. Фенолите исто така е откриено дека се ефикасни во ограничување на процесот на атеросклерозата кај срцевите заболувања.
Анти-инфламаторна: Јапонски научници откриле дека арониата може да го блокира дејството на COX-2, што е екстремно моќен про-инфламаторен агент. Покрај оваа способност да го блокира COX-2, аронијата исто така покажува намалување на гастричната иритација предизвикана од некои нестероидни анти-инфламаторни лекови.
Извор на антиоксиданти: Арониата е еден од најбогатите извори на антиоксиданти, 100гр. аронија содржи околу 500мг. антиоксиданти. По конзумирањето таа помага да се зголеми антиоксидантниот капацитет на крвта што го штити телото од оксидативен стрес.
Здрав уринарен тракт: Друга придобивка од вклучувањето на арониата во исхраната е тоа што таа го штити уринарниот тракт од инфекции. Многу луѓе ширум светот страдаат од уринарна инфекција предизвикана од Еscherichia coli. Некои од симптомите вклучуваат фрекфентно уринирање придружено со болка. Некои истражувања покажуваат дека заедно со брусницата, арониата е исто така ефективна во оваа борба. Всушност арониата се покажала пет пати поефективна од брусницата поради високото ниво на квинска киселина, што се докажало дека помага во превенција на инфекции кај уринарниот тракт.
Контрока на телесната тежина: Aрониата е корисна и кога станува збор за регулирање на телесната тежина. Таа го превенира наталожувањето на масти околу абдоменот. Исто така таа ги подобруа нивоата на масти и холестерол во крвта, континуирано помагајќи му на телото да произведува добар холестерол.
Други придобивки: Aрониата може да биде многу корисна во случај на артритис, хипертензија, инфламација, кардиоваскуларни болести и други инфекции. Исто така ги зајакнува крвните садови, го поддржува природниот имунитет, го намалува крвниот притисок, а дури го одложува и стареењето.
Несакани ефекти
Досега немало случај каде што се пријавени несакани ефекти од конзумирање на арониа, но може да има одредени алергиски реакции кај некои луѓе шти се преосетливи на ова овошје. Оние кои ја конзумираат аронијата треба да се јават на лекар ако почувствуваат било каков дискомфорд.
Дозирање
Поради бескрајната листа на здравствени проблеми кои се јавуваат поради клеточниот оксидативен стрес, арониата е сеуште предмет на опсежни истражувања, за нејзина употреба во состојби како што е дијабетесот и невролошките заболувања.
Таа е достапна во форма на сок, екстракт и прав во најголемиот дел од добро снабдените продавници за здрава храна. Свежата арониа содржи околу 20% шеќер, но нема никаква блажина поради високото ниво на танини и други супстанции, одговорни за нејзиниот остар и блуткав вкус. Во било која од овие форми таа се препорачува во доза од 150-400мг, во консултација со нутриционист, земена после јадење. Свежо набрана арониа се препорачува да се конзумира по 10 - 14 зрна дневно, на гладно или како дел од некој оброк.
Comments
Post a Comment