Оваа суперхрана го спречува стареењето, ја подобрува работата на имуниот систем, има големи бенефиции кај луѓето со дијабет и штитат од срцеви заболувања и канцер.
Што се гоџи бобинки?
Гоџи бобинките, научно познати како Lycium barbarum, исто така се познати како wolfberries, fructus lycii and gougizi. Овие црвени бобинки во сушена форма се користеле во традиционалната Кинеска медицина пред повеќе од 2000 години. Тие имаат сладок вкус и можат да се јадат свежи или да се конзумираат како сок или како чај. Можат да се земаат како екстракт, во форма на прав или како таблети. Имаат високо ниво на антиоксиданти, што го штитат телото од слободните радикали. Она што е специфично кај овие бобинки е што содржат посебен тип на антиоксиданти наречени Lycium barbarum polysaccharides, за кои се мисли дека овозможуваат импресивни здравствени бенефити. Исто така обезбедува 11 есенцијални аминокиселини - повеќе од другите познати бобинки.
1. Одлични нутритивни вредности
¼ шоља (85 грама) сушени гоџи бобинки содржат:
- Калории: 70
- Шеќер: 12грама
- Протеини: 9грама
- Влакна: 6грама
- Масти: 0грама
- Витамин A: 150% од потребниот дневен внес
- Бакар: 84% од потребниот дневен внес
- Селен: 75% од вкупниот дневен внес
- Витамин B2 (рибофлавин): 63% од вкупниот дневен внес
- Железо: 42% од вкупниот дневен внес
- Витамин C: 27% од вкупниот дневен внес
- Калиум: 21% од вкупниот дневен внес
- Цинк: 15% од вкупниот дневен внес
- Витамин Б1 (тиамин): 9% од вкупниот дневен внес
2. Одличен извор на антиоксиданти
Антиоксидантите штитат од слободни радикали, кои се штетни молекули кои ги оштетуваат клетките. Во многу досегашни студии се покажало дека секојдневното конзумирање на сок од гоџи бобинки го зголемува нивото на антиоксидантите во организмот.
3. Имаат бенефити во борбата против стареењето
Антиоксидантите како овие во гоџи бобинките може да помогнат во борбата против стареењето превенирајќи слободните радикали да го оштетат колагеноѕ во кожата. Ова е докажано во многу студии, но сеуште се потребни многу испитувања.
4. Помогнат за забавување на растот на некои типови канцер
Екстрактот од гоџи бери се поврзува со анти-канцер активност во многу студии извршени на животни и луѓе. Потенцијалниот тумор-инхибирачки ефект на гоџи бобинките се поврзува со способноста да го зголеми нивото на антиоксидантите и да се редуцира нивото на инфламаторни цитокини IL-5 и IL-8 во крвта. A
5. Ја подобруваат контролата врз шеќерот во крвта
Многу студии покажале дека гоџи бобинките помагаат во контролата на шеќерот во крвта. Овие позитивни ефекти се цврсто поврзани со антиоксидантната активност на овие бобинки во екстракт направен од нив. Овој екстракт ја подобрува инсулинската сензитивност со зголемување на абсорбцијата на глукоза во клетките преку трансфер молекулите GLUT4 и со зголемување на инсулинската секреција од страна на панкреасот. Но сите овие студии се направени врз животни и не се знае како може да делуваат кај луѓето, за тоа се потребни уште испитувања.6. Го подига нивото на енергија
Конзумирањето на концентриран екстракт од гоџи бобинки или сок се поврзува со подобрување на расположението и подобрување на општата состојба. Се мисли дека екстрактот го зголемува производството на глукоген од мускулите и хепарот што овозможува да се подобри физичката активност. Исто така може да го забрза исфрлањето на уреата и азотот од крвта, отпадни продукти кои телото ги произведува после напорен тренинг.
7. Помагаат при губење на телесна тежина
Тие се погати со влакна, што помагаат во контрола на шеќерот во крвта и апетитот и помагат да се чувствувате сити подолго време. Исто така имаат низок гликемиски индекс. Бидејќи храната со низок гликемиски индекс ослободуваат шеќер во крвта многу побавно, се мисли дека помагаат да се продолжи чувството на ситост и да се намали апетитот. Сокот од овие бобинки може да помогнат во губење на телесна тежина со зголемување на метаболната рата.
8. Го подобруваат нивото на холестеролот
Екстрактот има позитивни ефекти врз нивото на холестерол. Има многу студии кај животни кои покажуваат дека 14 дневно конзумирање на концентриран сок од гоџи има многу позитивни ефекти врз холестеролот посебно HDL. Потребни се уште испитувања кај луѓе за да се докаже дали го има истиот ефект.
9. Го зајакнуваат имуниот систем
Екстрактот го зајакнува имуниот систем. Една студија кај 60 здрави возрасни мажи и жени кои конзумирале секојдневно 100ml концентриран сок од гоџи бери за 30дена довело до подобрување функцијата на имуниот систем. По специфично. го подига нивото на лимфоцити, бели крвни клетки, одговотни за заштита на телото од штетни бактерии и вируси.
Comments
Post a Comment