Домашен крем со лешници


Домашен крем со лешници


Многу лесен и брз за правење. Има прекрасен вкус и е многу поздрава верзија на кремчињата кои можеме да ги најдеме по маркетите. Одличен е за закуски, нема шеќери во него и е многу добар за најмалите членови на семејството. 


Потребни состојки

  • 150 гр. лешници
  • 150 гр. урми 
  • 2 мали лажичиња какао во прав, без шеќер

Подготовка

Урмите предходно треба да ги потопиме во вода и да ги оставиме да постојат најмалку два часа. Потоа ги додаваме сите состојки во блендер и малку од водата во која стоеле урмите и блендираме се додека не добиеме убава кремаста структура. Го складираме во тегленце и во фрижидер. 
* Лешниците може да ги ставите цели или предходно да ги измелите. Кај мене блендерот не ги мели добро, не се постигнува посакуваниот ефект, па јас предходно ги мелам со машинче и ги додавам мелени. 
* Ако овака направениот крем ви е горчлив пробајте со помала количина на какао, но да напоменам дека со стоењето во вода урмите ја губат својата блажина, затоа проверувајте ако се меки спремни се за употреба. 


Comments