Боровинки

  Факти за боровинките


Боровинките се вкусни, со многу добри нутритивни вредности, многу популарни. Тие имаат многу малку калории и затоа се неверојатно добра суперхрана. Тие растат во форма на грмушка и на почеток се со зелена боја, но какошто созреваат ја добиваат својата добро препознатлива сина или темно виолетова боја. Тие се мали, со дијаметар од 5 - 16mm и со карактеристично врежана круна на едниот крај. Овде издвоив неколку научно докажани факти за нив:



1. Боровинките содржат малку калории, но многу нутритивни вредности

Една шоља, околу 150гр. боровинки, содржи

  • Влакна: 4 grams
  • Витамин C: 24% вкупната дневна потреба
  • Витамин K: 36% вкупната дневна потреба
  • Manganese: 25% вкупната дневна потреба
Содржат околу 84% вода и една порција има околу 84 калории и 15гр. јаглехидрати

2. Содржат голема количина на антиоксиданти

Антиоксидантите го штитат телото од слободните радикали, кои се нестабилни молекули, кои можат да ги уништат клетките и да доведат до многу заболувања, вкучувајќи го и ракот. 
Се верува дека боровинките се овошје кое содржи многу високи нивоа на антиоксиданти, наречени флавоноиди. Една група на флавоноиди, антоцијаниди, се смета за одговорна за здравствените бенефиции на боровинките. Директно го зголемуваат нивото на антиоксиданти. 

3. Го редуцираат оштетувањето на DNA

Оксидативното оштетување на DNA е неизбежен дел од секојдневниот живот и се случува десетици илјади пати во текот на денот во секој организам. Ова е причината поради која старееме и исто така има улога во некои заболувања како ракот. Поради големото количество на антиоксиданти боровинките можат да неутрализираат голем дел од слободните радикали кои ја оштетуваат DNA.

4. Го намалуваат холестеролот

Кислородните радикали доведуваат до оксидација на LDL холестеролот или уште познат како лош холестерол. Боровинките се поврзуваат со редукција на овој вид оксидиран холестерол што ги прави многу добри во борбата против срцевите заболувања.

5. Го намалуваат крвниот притисок

Имаат бенефити кај луѓето со висок крвен притисок. Неколку студии покажале дека кај обезни луѓе со висок ризик од срцеви заболувања, конзумирањето на 50гр. боровинки дневно довело до намалување на крвниот притисок за 4 - 6%. Други студии покажуваат исти ефекти, посебно кај жени во менопауза. 

6. Спречуваат срцеви заболувања

Пет или повеќе порции боровинки неделно го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го намалуваат ризикот за срцев удар за 32%. Боровинките ја помагаат дилатацијата на артериите. 

7. Ја подобруваат функцијата на мозокот и меморијата

Бидејќи како што кажавме дека антиоксидантите делуваат на процесот на стареење, тоа доведува и до одржување на нормалната функција на мозокот и подобрување на меморијата, посебно кај повозрасните. 

8. Анти - дијабетичен ефект

Една порција боровинки содржи 15гр. шеќер. Имаат низок гликемиски индекс и се добри во регулацијата на шеќерот, особено кај лица со дијабет. Конзумирањето на боровинки секој ден доведува до подобрување на состојбата после два месеца. 

9. Борба против уринарните инфекции

Исто како и брусницата, боровинката помага во борбата против уринарните инфекции. Двете содржат супстанции наречени антиадхезиви кои превенираат бактериите како E. Coli да се врзат за ѕидот на мочниот меур

10. Го редуцираат оштетувањето на мускулите после напорен тренинг

Напорниот тренинг може да доведе до воспаление на мускулите и замор. Ова е предизвикано од локална инфламација и оксидативен стрес во мускулното ткиво. Суплементите од боровинка може да го намалат оштетувањето на молекуларно ниво, да го намалат воспалението и да го подобрат мусклулниот перформанс. 

Comments