Путерот од кикиритки кај нас сеуште не е толку популарен иако во последно време се поголем број луѓе го користат во секојдневната исхрана. Може да се користи како намаз за појадок, со банана или оризови галети како ужина, со палачинки за десерт, но исто така може да го додадете во вашето омилено смути. Конзумирањето на путер од кикиритки има многу придобивки. Покрај здравите маснотии и квалитетните протеини (7g протеини во само 2 лажички), путерот од кикирики е особено богат со есенцијални микронутриенти, како:
▫ Магнезиум – 30mg
▫ Фосфор – 55mg
▫ Цинк – 0,4mg
▫ Витамин Б3 – 2,1mg
▫ Витамин Б6 – 0,1mg
Во нешто помали количества се застапени и фолната киселина, бакар, манган, калциум, витамин Е, калиум, железо итн. Кикириките од кои се добива путер се одличен извор и на фибер, но и на моќни антиоксидативни компоненти, како кумарична, фитична киселина, ресвератрол, изофлавони, фитостероли итн.
Во прилог имате рецепт како да си направите домашен путер од кикиритки, без никакви додатоци. Рецептот е премногу лесен и се што ви е потребно се 200гр. кикиритки, малку сол и едно лажиче масло (јас користам маслиново).
Сето ова го ставаме во блендер и со повремено промешување блендираме, со големо трпение. После неколку минути блендирање ќе добиеме убава кремаста смеса, која ја префрламе во теглички и е спремна за употреба.
Путерот може да се складира во фрижидер неколку недели. Некаде имам прочитано дека може и до два месеца, но кај нас не останува толку долго :)
Comments
Post a Comment