Хумус - еден од најздравите намази

 

   


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 

  • 2 чаши варен наут или конзерва (околу 400г)
  •  3 лажици таан (околу 45г)
  •  3 лажици екстра девствено маслиново масло (околу 30мл)
  •  2 чешниња лук
  •  рамна лажичка сол
  •  половина лажичка бибер
  •  сок од 1 лимон

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: 

  1. Потопете го наутот во ладна вода (сув наут од продавница за здрава храна) од вечер, за да отстои околу 12 часа минимум. Премијте го и ставете го во тенџете за варење и додајте малку сол. Потоа го варите помалку од еден час. По варењето оставете го да отстои во топлата вода. Отстранете ја водата и наутот е спремен за блендање. Доколку не ви се троши време ни за оваа процедура, се важи и наутот од конзерва.
  2. Ставете ги сите намирници во блендер и блендирајте околу 5 минути. Доколку е погуста смесата, додавајте малку од водата во која се варел наутот, додека не добиете смеса со густина на пире. 
  3. Добиената хумус складирајте го во стаклен сад, како теглички и чувајте го во фрижидер. Истиот хумус вака е спремен за сервирање. Сервирајте го со ливчиња магдонос и малку бибер. Намазот може да го јадете: во салати, намачкан на интегрално лепче, на интегрална тортиља, да си исечете стапчиња од краставица и така да го јадете со краставицата – каде и да му најдете примена.

НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ: 

683 кал 33 гр јх 17гр протеин 54гр масти

НАЧИН НА ЧУВАЊЕ: 

Домашниот хумус можете да го чувате околу една седмица во фрижидер. Можете да им го давате и сите кои имате деца и на вашите деца намачкан на лепче или во комбинација со што и да одлучите. Цената на наутот ви е околу 200 денари за 1кг. (го имате во сите продавници за здрава исхрана). Значи за една доза би потрошиле околу 80 денари за набавка на наут.

Плус совети:

Доколку класичниот вкус на хумусот не ви се допаѓа, има прејак мирис и вкус на лук и секако тоа не ви одговара доколку имате доручек на работа тогаш слободно изоставете го лукот и додадете нешто по ваша желба. Едноставно можете да експериментирате, па ќе дознаете кој вкус најмногу ви одговара. Може да пробате со семки од тиква, сончоглед, со печурки и со многу други работи по ваш избор. 

Comments